Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ за овие десет години покажа дека е универзитет на 21. век

Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово во присуство на претставниците на дипломатскиот кор, ректорите на државните универзитети од земјава: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Државниот тетовски универзитет, Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Универзитетот „Гоце Делчев“, приватниот Универзитет ФОН, како и на ректорите на Универзитетот во Тирана, Универзитетот во Приштина и др. во свечена атмосфера ја одбележа 10-годишнината од своето постоење.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот беше откриена биста на основачот на Универзитетот Макс ван дер Штул, во присуство на ќерката и синот на покојниот дипломата Штул. Беа доделени и посебни признанија на претставници од дипломатскиот кор во Македонија, на повеќе универзитети и институции, на истакнати професори и поединци, а Мајкл Мек Роби – ректор на Универзитетот во Индијана, САД, ја доби титулата почесен доктор на науки. Исто така низ 100 фотографии – по 10 десет за секоја година како и низ 10-минутниот документарен филм на симболичен начин беше прикажано 10-годишното чекорење на Универзитетот.
Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Замир Дика, по овој повод рече дека Универзитетот продолжува да биде посветен на својата мисија – промовирање на високото образование на албански јазик и истовремено овозможување на мултијазично и мултикултурно образование во Македонија. „Денес, по десет години, Универзитетов има околу 8.000 студенти и 5.000 дипломирани во трите циклуси на студии, сопственост и опрема со приближна вредност од преку 30 милиони долари, на еден модерен Кампус интегриран во Тетово и во просториите во Скопје со 22.0000 м2, со човечки ресурси од 400 вработени – академски и административен кадар, со силна мрежа за соработка со универзитетите во земјава и надвор од неа, факти кои укажуваат на 10-годишни достигнувања исполнети со воодушевување. Универзитетот преку проектот ’УЈИЕ 2.0‘ има за цел силно да го претстави моделот на модерен универзитет со современо водство претставено од Одборот на Универзитетот со извонредна структура на луѓе кои се сметат за директни учесници во создавањето на процесот на Болоња и од познати експерти во високото образование во Европа како и од претставници на заедниците во Р. Македонија. Оваа современа структура на водство се состои од квалитетен менаџерски тим ‒ проректори и советници со извонредно академско искуство со кои секој ректор би бил горд и мотивиран да продолжи во реализацијата на предвидените активности. Оваа фаза за развој на Универзитетот ја именуваме како фаза на партиципативно менаџирање базирано врз изведба, во рамките на транспарентните процеси и во средина со еднакви можности за сите“, рече ректорот Дика.
На свеченоста присуствуваше министерот на образование и наука, Панче Кралев, според кого Универзитетот успеал да даде историска димензија на образованието и мултиетничноста во Македонија иако постои само 10 години. Универзитетот се карактеризира и со повеќејазичност во наставата, односно студентите може да студираат на својот мајчин јазик, но и на англиски, додека студиските програми за двата степена се соодветни и имаат европска и меѓународна перспектива. „Универзитетот успеал да даде историска димензија на образованието и на мултиетничноста во Македонија“, меѓу другото изјави Кралев.
Според претседателот на Одборот на Универзитетот на ЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон „Овој универзитет секако е единствена приватно-јавна институција во земјава и во регионов со сопствен организациски и деловен модел во кој функционираат проценувањето на ризик и стратегиско планирање во реално време. Ние постојано се обидуваме да изнајдеме начини за соработка со Владата и со другите ентитети и да обезбедиме финансиска одржливост како и да продолжиме со понуда на високо квалитетни програми кои ќе бидат корисни и за индивидуите и за економијата и во исто време ќе направиме значителен придонес за заштита на животната средина. Нашето досие е добро и достапно за сите да го видат. Ние не лежиме на ловорики туку бараме нови насоки, подобрувања и покрај се подобрување на квалитетот во согласност со европските стандарди. Ова не се бесмислени зборови, тие ја претставуваат нашата заложба. Мотото на моето училиште беше „Progrediamur“ што значи „Да одиме напред“. Навистина да го направиме тоа и по десет години да ја добиеме следната поема.“
Провостот, проф. д-р Пол Фостер, рече: „Претседателот Мек Роби е иноватор во образованието... Под негово водство УИ имаше голема експанзија во обемот и во квалитетот на студентското тело на УИ, рекордно ниво на трошоци, милијарда долари за кампањата за проширување на капацитетите на Универзитетот Индијана во Блумингтон. Првата фаза од 5 милијарди долари ќе заврши на двестегодишнината на УИ во 2020 година“.
Почесниот доктор на науки Мајкл А. Мек Роби, меѓу другото истакна: „Ми претставува чест што сум повторно тука во Тетово на Универзитетот на Југоисточна Европа, по десет години од неговото основање во 2001 година. Јас сум горд што бев тука на почетокот и сум уште погорд што се враќам за доделување на титулата почесен доктор на науки. Нема поголема чест од таа што еден Универзитет може да ја даде и да покани некој да учествува и да биде на ранг на своите дипломци и јас сум многу благодарен за тоа. УЈИЕ ги објаснува вредностите кои ги обединија универзитетите со векови и кои, исто така, ги обединуваат и луѓето. Ние може да видиме докази за вашиот развој и просперитет гледајќи го прекрасниот кампус во Тетово и динамичниот академски центар во центарот на Скопје. Можеме тоа да го видиме во новите академски програми за додипломски и последипломски студии и преку партнерствата со европските универзитети и со универзитетите од САД. Важно е да се запомни дека УЈИЕ е институција на 21. век. Вие сте обликувачи на културата на интелект која ќе биде основа и која ќе продолжат да ја градат новата генерација на професори и професионалци. И вие сте чувари кои ќе осигурат дека структурите кои ги создадовте на најдобар начин во иднина ќе служат на факултетите и на студентите на УЈИЕ.“
Google+