Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов ќе му додели Орден за заслуги за Р. Македонија на Универзитетот на Југоисточна Европа

Дика: Наша мисија и обврска е да образуваме квалификувани, добро информирани и културни идни генерации! УЈИЕ, како непрофитен универзитет од јавен интерес, беше основан за да го реши проблемот на високото образование на албански јазик, како силен промотор на меѓуетничкото разбирање со мултијазичен и со мултикултурен пристап во наставата и во истражувањето, да ги развие наставните програми во меѓународни и европски перспективи.

Претседателот на Република Македонија, д-p Ѓорге Иванов на свечена церемонија му додели Орден за заслуги за Република Македонија на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на 18 ноември (петок) 2011 година.

Десет години функционирање на еден универзитет како што е Универзитетот на Југоисточна Европа е краток период, но во контекст на динамиката на развојот на настаните, начинот на оснивањето и мисијата на оваа високообразовна институција, влијанието кое го имаше во високообразовната мрежа во Република Македонија за задоволување на општествените потреби и воспоставување на препознатливи и посебни високообразовни вредности споредливи со најмодерните високообразовни стандарди и трендови – добива историска димензија оставајќи свој белег, вели ректорот на Универзитетот, проф. д-р Замир Дика. Упатувајќи голема благодарност до претседателот Ѓорге Иванов, тој воедно ја спомена и истакнатата улога и безрезервната поддршка на меѓународната заедница – САД, ЕУ, Советот на Европа и ОБСЕ во реализирањето на идејата за создавање на овој Универзитет, кој продолжува да биде отворен за сите млади во Република Македонија и во регионов. УЈИЕ стана првиот Универзитет во Македонија кој го примени ЕКТС и ги имплементираше модерните, активните и интерактивните наставни методи. Во исто време сево ова има придонес за трансферот на студенти (од еден на друг универзитет) на различни европски универзитети и исто така нуди еднакви можности за вработување и за обука на студентите кои дипломирале на европските универзитети. УЈИЕ, како непрофитен универзитет од јавен интерес, беше основан за да го реши проблемот на високото образование на албански јазик, како силен промотор на меѓуетничкото разбирање со мултијазичен и со мултикултурен пристап во наставата и во истражувањето, да ги развие наставните програми во меѓународни и европски перспективи.

Хармонизацијата на стандардите и валоризацијата на европските знаења со нашите потреби и барања е уште еден успешен доказ за УЈИЕ и затоа ова претставува една голема обврска за овој универзитет да продолжи и понатака да биде лидер на вредностите и образовните и академските стандарди во регионов. „Навистина е задоволство да се има соработка со најпрестижните домашни, регионални и меѓународни универзитети кои се од суштинско значење за успехот на нашиот Универзитетот. Ние ова го подразбираме како мисија и обврска да образуваме квалификувани, добро информирани и културни идни генерации“, вели ректорот Дика.

Поранешниот комесар за проширување на ЕУ, д-р Оли Рен изразувајќи ја својата поддршка за УЈИЕ рече: „УЈИЕ е најевропското создание на Западен Балкан“.

Истотака сакаме да ги споменеме и заклучоците на тимот на Европска универзитетска асоцијација (EUA/IEP) – програмата за надворешна евалвација на универзитетите, во евалвацијата изведена во 2005-та година: „Универзитетот на Југоисточна Европа претставува недвосмислено модел на Универзитет за пример во Македонија и во регионов“, или во евалвацијата од 2009-та година каде се истакнува дека „Универзитетот може да служи како модел во регионов за севкупното делување и за перспективите кои ги има создадено“. Во физибилити извештајот на OECD/IMHE за Македонија од 2004-тата година се вели: „Универзитетот на Југоисточна Европа ги исполни, односно ги надмина своите поставени цели за придонесот во решавањето на високото образование на албански јазик, обезбедувајќи студиски програми кои овозможуваат европска и меѓународна перспектива и при тоа осигурувајќи мултикултурен приод во учењето.“

Универзитетот успеа да ги доближи на една заедничка точка луѓето од различни култури во градењето флексибилен и позитивен став во општествена интеракција. Меѓукултурниот дијалог и толеранцијата, тука кај нас, сѐ повеќе се гледаат како перспектива на нашите идни европски интеграции. Во овој контекст, сепак, доаѓа до израз опцијата за зајакнување на нашиот европски идентитет, во рамките на толеранцијата, мултиетничноста, мултикултурата и мултијазичноста

„ Тоа се нашите вредности, кои ќе нè водат поблиску до Европа и токму поради овие вредности ние стануваме се повеќе неодвоив дел од Европа“велат одговорните луѓе во овој Универзитет.

Google+