Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Албанскиот премиер Сали Бериша доби награда за лидерствo на УЈИЕ

„УЈИЕ и ДУТ во краток временски период го претворија Тетово во универзитески епицентар на албанската нација“, рече премиерот Бериша „Универзитетот на Југоисточна Европа претставува модел за академската слобода во регионов. Преку програмата 2.0 имаме за цел да шириме надеж со образование на идните лидери и вистински професионалци“, рече ректорот Дика.

Албанскиот премиер Сали Бериша во средата (9 ноември 2011 година),престојуваше воУниверзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде што Институтот за демократија и развој му ја доделигодишнатанаграда заЛидерство за 2009 година, а пред многубројните присутни студенти одржа предавање за Евро-атлантските интеграции.

На свеченото отворање, советникотна ректорот, Демуш Бајрами, албанскиот премиер го нарече основач на демократијата во Албанијаи исто како Алберт Ајнштајн и „нивен политички идел е демократијата“.

Добредојде на албанскиот премиер мупосака ректорот на Универзитетот, проф. д-р. Замир Дика, кој го запозна со досегашниот развој и целите на Универзитетот во иднина.

„Универзитетот на ЈугоисточнаЕвропапретставувамодел за академската слобода во регионов. Преку програмата 2.0имаме за цел да ширименадеж, со образование наиднителидери и вистински професионалци “, рече ректорот Дика.

Ние, рече ректорот Дика, сакаме да ги мотивирамеполитичките власти силно да јаподдржатсоработката во сферата на високото образование меѓу албанските универзитети и универзитетите во регионов, секогаш во поглед на зголемување на конкуренцијата меѓу нив.

„Вие, г-дин преимере дадовтеодличен пример за тоа како се поддржуваслободата, иницијативите за соработка помеѓу универзитетите, особено преку иницирање иницијативиза извонредност“, рече меѓу другото ректорот Дика.

Претседателот на Управниот одбор на Институтот за демократија и развој, проф. д-р. Ветон Латифи даде краток преглед за доделувањетона наградата за лидерствокакои ретроспектива за активноста на албанскиот премиер Сали Бериша.


„Не можамда гисокријамемоциите заприсуствотона премиерот Бериша и сите вас на оваа средба.Наградата не се доделува случајно туку по мислење на стручна комисија. Наградата се доделува со мотивација за значајни резултати во демократска консолидација и зајакнување на соработката и интеграцијата “, рече, меѓу другото, Латифи.

„Многу сум трогнатод вашиот топол прием и ви гарантирам дека се чувствувам многу почестен што присуствувамна овој Универзитет. Сакам да ги пофалам ситеоние мажи и жени, професори и студенти, кои во текот на овие 10 години, тука во Тетово,изградијаголем храм на слободата, знаењетои светлинатаза сите Албанци и целото македонско општеството“, рече восвојотговор премиерот на Албанија, Сали Бериша.

„УЈИЕи ДУТ во краток временски периодгопретворијаТетово воуниверзитески епицентар на албанскатанација“, рече премиерот Бериша.

Универзитетите се мултидимензионални по составот и тоа според научните дисциплини и составот на академскиот кадар. Но сите имаат заедничка цел а тоа е слободата. Ние, Албанците по случај на разни околности имаме релативно млади универзитети, и тоа најмлади во Европа.

Вашиот универзитет со околу 10 илјади студенти претставува вистински храм на развојот на Албанците и на македонското општество во целина, рече меѓу другото премиерот на Албанија, Сали Бериша.

Албанскиот премиер за време на посетата во Тетово, се сретна со градоначалникот, претставниците од ДУТ и беше дочекан од голем број на граѓани на Тетово.

Google+