На конференцијата беше претставена библиотеката на У ЈИЕ и беше разгледана можноста за соработка меѓу библиотеките во насока на користење библиотечен материјал и заедничка база на податоци.
Една од главните теми на конференцијата, за која учесниците се договорија, беше дигитализација на библиотечен материјал и методи за користење. Тие се согласија дека оваа акција не треба да биде само за деловни цели.
На конференцијата се одлучи да се објави квартално списание на оваа унија, каде библиотеката на УНИЕ ќе биде претставена со свој труд . Списанието ќе биде на англиски јазик, со резиме на мајчин јазик.