Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Високиот комесар на ОБСЕ, Кнут Волебек одржа предавање за студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа

„Изградбата на мултиетничко општество: Предизвиците после Охридскиот Договор“, беше темата на предавањето на високиот комeсар на ОБСЕ, Кнут Волебек, кое се одржа денеска (21.10.2011 година), за студентите и за вработените на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

„Ми претставува чест што повторно доаѓам во УЈИЕ. Поминаа скоро 10 години од денот кога овој Универзитет ги отвори вратите во потрага на иновативен обид на понуда на високите стандарди за сите студенти“, рече високиот комесар Волебек.

„Повеќето од студентите, како и вие што денеска сте тука наскоро ќе бидете дел од елитата на оваа земја. Како образовани граѓани вие ќе имате тешка задача за обезбедување на иднината, стабилноста и демократијата во земјава“, рече меѓудругото амбасадорот Волебек.

Проректорот за истражување во УЈИЕ, проф. д-р Блерим Река, рече дека Охридскиот Договор не треба да се подразбира не само како збир на шифри, туку како основа за унапредување на меѓуетничките односи и стабилноста на земјава.

Добринка Тасковска, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, рече дека актуелно во Македонија се повеќе се дебатира за меѓутеничките прашања а се помалку за културните разлики. Јас сум еврофанатик и верувам во европските вредности и европската иднина на Македонија.

Поранешниот амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Арсим Зеколи, рече дека не треба да се генерализираат нештата и дека треба да се фокусираме на индивидуалноста на секого.

Предавањето заврши со прашањата кои присутните ги поставуваа на амбасадорот Волебек

Google+