Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се промовираа повеќе од 60 курсисти од Косово во програмата за Лидерство и младинска работа во заедницата

Со свечена церемонија на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во вторник (13 септември 2011 година) беше промовирана генерацијата дипломирани студенти во рамките на едногодишната програма за добивање сертификат Лидерство и младинска работа во заедницата за Косово.

Студентите од Косово ги поздрави проректорот за академски прашања, проф. д-р Пол Фостер, кој има честита за постигнатиот успех.

Деканот на Факултетот за јавна администрација и политички науки, проф. д-р Елена Андреевска, им се заблагодари на сите студенти а посебно на кадарот од овој факултет во чии рамки се реализира програмата.

Програмата се реализираше во соработка на Универзитетот на Југоисточна Европа и Центарот за неформално образование Триаголник од Скопје

и „СИД“ од Приштина (Р. Косово).

Проектот се реализира трета година по ред.

Google+