На 6 септември 2011 (вторник), од 10.00 до 18.00 часот, Универзитетот на Југоисточна Европа, ги повикува сите заинтересирани лица кои сакаат да дадат свој придонес со статии и содржина (на албански и на македонски јазик), во отворената енциклопедија Википедија (Wikipedia), да дојдат во Универзитетскиот кампус во Тетово (библиотека ,,Макс ван дер Штул“) и во Центарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје (спроти амбасадата на Италија).
Сите учесници кои ќе доаѓаат на овој ден ќе имаат поддршка од кадарот на Универзитетот и ќе имаат на располагање разни книги и материјали и можности за консултации и помош од еминентни професори на Универзитетот, кои исто така ќе помогнат и ќе ја контролираат содржината на текстовите.
На крајот на денот ќе се бројат сите статии, кои ќе бидат напишани и конкретниот придонес за оваа Енциклопедија. Сите кои ќе внесуваат содржина во компјутерските лаборатории, ќе добијат сертификат и подарок од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа.
