Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Околу 20 градоначалници на Косово во посета на УЈИЕ

Во понеделник (20 јуни), делегација на градоначалници од неколку општини од Косово го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

Посетата се реализираше во рамките на програмата за Полошкиот регион, иницирана од страна на организација ГТЗ, за потесна меѓугранична соработка помеѓу Македонија, Албанија и Косово, односно граничните региони низ Шар Планина.

Во состав на косовската делегација беше и заменик-министерот на Министерството за локална самоуправа на Косово, Басри Мусмурати, градоначалникот на Призрен, Рамадан Муја, градоначалникот на Гњилане, Ќемал Мустафа и други градоначалници од околу 20 општини од Косово.

Делегацијата ја прими ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, кој направи кратка презентација за нашиот Универзитет, истакнувајќи ја улогата на овој Универзитет во регионов, како модел на високото образование. Тој, исто така, ги информираше присутните за структурата на студентите, нагласувајќи го присуството на студенти од Косово и нивното ангажирање во сите организирани активности.

Google+