Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Летниот он-лајн институт на УЈИЕ организираше двонеделна интензивна обука за он-лајн предавање

Во рамките на летниот он-лајн институт на УЈИЕ се одржа двонеделна интензивна обука за он-лајн предавање на УЈИЕ од 06.06 2011- 17.06.2011 година.

Обуката ја организираше Центарот за е-учење и главна цел беше нашиот кадар да се обучи за он-лајн предавање.

Обуката ја водеше Џенифер К. Стујарт експерт за он-лајн студии на Универзитетот во Индијана.

Во текот на обуката учесниците беа воведени во многу аспекти и алатки за он-лајн предавање како што се :интернет - технологии, он - лајн методологија за учење, педагогија за е-учење, алатки за снимање, конекција со Adobeитн.

На крајот на обуката учесниците(21) ги презентираа нивните он - лајн предмети подготвени во рамките на обуката и им се доделија сертификати за успешно завршување.

Google+