На Конференцијата ќе се разгледаат напредокот на Македонија и предизвиците со кои се соочува во периодот по Охридскиот рамковен договор. На Конференцијата ќе учествуваат претставници од меѓународната заедница кои помогнаа во преговорите за Договорот како и преговарачите од Македонија. Исто така, ќе бидат вклучени и регионални претставници кои ќе ги изложат своите перспективи, како и еминентни специјалисти од областа на економијата, управувањето, општеството и на културата.
Покрај тоа, ќе учествуваат и амбасадорите од САД, од Европската унија, од Обединетото Кралство и од Шведска и други членови од дипломатската заедница со седиште во Скопје. Ние сме благодарни за нивната поддршка на Конференцијата.