Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Одговор од претседaтелот нa Одборот нa УЈИЕ, Проф. д-р Денис Фaрингтон околу стaтиите во весникот „Лaјм“

Функционираме без политичко влијание и со меѓународно присуство. Нашите објавени статистики за вработување укажуваат дека посветените студенти можат целосно да го искористат знаењето и вештините кои ги развиле на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Лично, јас го поддржувам слободното изразување и конструктивната дебата за високото образование во Република Македонија. Сепак, да се достигнат европските стандарди во кое било разбирливо значење потребно е повисоко ниво на анализи од покажаните во последните две статии во весникот „Лајм“ и Универзитетот на Југоисточна Европа нема да ги менува политиките за да одговори на неинформираните новинари единствено со цел да го зголеми бројот на студентите. Од 2001 наша цел беше да обезбедиме добро - менаџирано, одржливо , рентабилно и квалитетно образование достапно на сите заинтересирани и квалификувани студенти во согласност со модерните европски и меѓународни стандарди. Ние ова го изведуваме во мултиетничка, мултикултурна и најважно повеќејазична средина со посебен акцент врз развојот на корисни вештини по англиски јазик кои се апсолутно неопходни за успехот во Европа во денешно време а тоа во УЈИЕ се изведува преку најдобро квалификуваниот и најдобро опремениот Јазичен центар во регионов. Нашите објавени статистики за вработување укажуваат дека посветените студенти можат целосно да го искористат знаењето и вештините кои ги развиле на УЈИЕ. Ние функционираме без политичко влијание и со меѓународно присуство во менаџментот и во академскиот кадар и се обидуваме да задржиме добри односи со сите универзитети во регионов, ние никогаш не бевме ниту ќе бидеме водени од критицизмот од другите универзитети.

Неодамнешните статии во „Лајм“ се насочени врз бројот а студенти кои се запишуваат и кои го напуштаат УЈИЕ секоја година, со посебно упатување на Државниот универзитет во Тетово како една институција на која студентите можеби би сакале да се запишат. Потенцијалните студенти сами избираат на која институција ќе студираат врз основа на нивниот долгорочен интерес. Високото образование е долгорочна инвестиција која не се однесува само на добивање диплома по три или четири години. Бројот на студенти кои се запишуваат во конкретната година зависи од голем број фактори вклучително и од зголемената достапност на места за студирање на државните универзитети преку политиката на дисперзирани студии, општата економска состојба во земјава и достапноста на атрактивни академски програми кои имаат долгорочна релевантност врз вработувањето. Јас тврдам дека обидот едноставно да се зголеми бројот на студентите без да се води сметка за квалитетот не е во полза ниту на институцијата ниту на студентите. Губењето три или четири години за здобивање сомнителни квалификации ќе има очигледни последици

Студентите ги напуштат универзитетите поради најразлични причини. Не може секој да биде успешен во избраната област. Доколку студентите не ги исполнуваат поставените стандарди за да добијат квалификација од УЈИЕ, или доколку сакаат да ја сменат насоката, тие имаат право да продолжат со студиите во други институции и ние им посакуваме секое добро. Ова е сосема вообичаено и прифатливо во сите европски држави и јас го почитувам правото на студентите да го направат најдобриот можен избор за нивната долгорочна иднина.

УЈИЕ сега ги прифаќа апликациите од сите заинтересирани студенти кои сакаат да продолжат со нивното високо образование во модерна, високо квалитетна средина каде интересот на студентите е на прво место.

Google+