Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Претставници од Правниот факултет на студиска посета во Сорбона

Студентите од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, под водство на деканот, проф. д-р Исмаил Зејнели, продеканот доц. д-р Јетон Шасивари и професорите: проф. д-р Абдула Алиу, проф. д-р Аслан Билали и проф. д-р Аднан Јашари, минатата недела беа на студиска посета во Сорбона во Париз.

При посетата тие беа запознаени со историјатот, организацијата на студиите и структурата на овој универзитет. Студентите по право, беа запознаени со начинот на оценувањето на знаењето на студентите, соначинот на одржување на испити и предавања,со можностите за мобилност на студентите како и со времетраењето на студиите на Сорбона.

ВоЖенева тие ги посетија: Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), Светската трговска организација (СТО), Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС), Обединетите нации (ОН) и Музејотна Црвениот Крст. При оваа посета студентите се запознаа со мисијата на овие институции, правнитеи практичнитеаспекти на нивното функционирање и глобалните предизвици кои ги следат овие институции.

Студиската посета беше оценета како успешна и се смета дека ќе придонесе за проширување на Европските хоризонти на студентите и вработените од Правниот факултет на ЈИЕУ.

Google+