Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

6 студенти добиваат стипендии од BASILEUS

6студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа добиваат стипендии од проектот BASILEUS

Универзитетот на Југоисточна Европа(ЈИЕУ),Канцеларијата за Меѓународни Односи (КМО), како учесник во Еразмус Мундус Акција II проект BASILEUS, со задоволство ги информира своите студенти и вработени дека 6 студенти од ЈИЕУ се избрани за академска размена во еден од Европските универзитети партнери за следната академска година 2011/2012.

  • Еден студент добил 22 месечна стипендија за мастер студии на Технолошкиот и Образовниот Институт Александар во Солун, Грција.
  • Еден студент добил 10 месечна стипендија за размена во Мастер студии на Универзитетот Лунд во Шведска.
  • Еден студент добил 6 месечна стипендија за размена во Мастер студии на Универзитетот во Софија, Бугарија.
  • Еден студент добил 10 месечна стипендија за размена на додипломски студии на Универзитетот Ла Сапиенца- Рома, Италија.
  • Еден студент добил 10 месечна стипендија за размена на додипломски студии на Универзитетот во Љубљана, Словенија.
  • Еден студент добил 6 месечна стипендија за размена на додипломски студии на Универзитетот во Љубљана, Словенија.

ЈИЕУKMOим честита на своите студенти и им посакува успешен престој во странство! Ние ги охрабруваме идните кандидати да се пријавуваат за оваа престижна стипендија за студии во странство.

Google+