Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентска унија на ЈИЕУ го прослави 7ми Март - Денот на албанското образование

Студентската унија на ЈИЕУ во понеделникот (7ми март) со пригоден коктел го прослави 7ми март, Денот на албанското образование.

Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Замир Дика на студентите, на академскиот кадар и на сите кои се дел од образовниот процес им го честита празникот. Тој рече дека иницијаторите на албанското образование можеби не биле свесни дека образованието на албански јазик ќе го достигне овој степен на развој. Денес, кога имаме толку универзитети на албански јазик многу е лесно да се зборува за постигнувањата во оваа област.

ЈИЕУ претставува позитивен пример за албанското образование не само во Македонија туку и во регионов. Ректорот им честита на Студентската Унија за организацијата на овој настан и истакна дека со ова се докажува дека образуваме свесни генерации кои имаат институционална одговорност.

По тој повод претставниците на Студентската Унија им го честитаа празникот на сите наставници, кои умееле да им го покажат вистинскиот пат за развој на образованието на албански јазик. „ Ние сме горди што студираме на овој Универзитет, бидејќи тој е дел од нашата мисија да се образуваме во соодветна и квалитетна високообразовна институција“, рече меѓу другото Пајтим Тачи, претседател на Студентската Унија на ЈИЕУ.

Google+