Студентите на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во понеделник (21 февруари, 2011 година), имаа можност да го слушнат предавањето на Рене Ван Бовен, претседател на Врховниот суд на Холандија. Темата на предавањето беше: „Улогата на судиите и судската практика во креирањето на правото во Холандија.“
Гостинот од Холандија беше пречекан од деканот на Правниот факултет, проф. д-р Исмаил Зејнели и проф. д-р Бистра Неткова.
Рене ван Бовен го посети нашиот Универзитет во својство (визитинг професор), во рамки на проектот МАТРА, финансиран од Владата на Холандија и поддржан од Правниот факултет на ЈИЕУ во Тетово.