
Во петок (28 јануари) во Универзитетот на ЈИЕ се одржа работилница на тема „Проектирање и имплементација на Националната рамка за квалификации“ помеѓу партнерските институции во рамките на ТЕМПУС проектот.
Целта на оваа работилница беше учесниците во проектот да се запознаваат со досегашните достигнувањата и со идните активности.
Во врска со резултатите од учењето од студиските програми од Германската национална рамка на квалификации зборуваше професорот Фолкер Гемлих од Универзитетот на Оснабрик.
Дискусиите на состанокот се однесуваа на дефинирањето на критериумите за студентската мобилност, воспоставување на владино тело за имплементација на Националната рамка на квалификации и други прашања поврзани со проектот.