
Оваа соработка помеѓу двете министерства за животна средина почна во 2005 година. Во овој период неколку проекти се спроведени во областа на заштитата на еко-системот. На состанокот одржан во ЈИЕУ, Министерствата за животна средина и просторно планирање на Македонија и на Италија потпишаа Анекс на нивниот Договор за соработка.
Со овој анекс, двете министерства се согласија за неколку проекти кои треба да се имплементираат во Македонија. Министерот за животна средина на Македонија, Неџати Јакупи, истакна дека италијанската Влада ќе инвестира во некои витални проекти во земјава во вредност од околу 200 000 евра.
„Ние ја продолжуваме нашата билатерална соработка со оваа земја а со потпишувањето на овој анекс на договорот ја прошируваме соработката со реализирање на проекти кои веќе се започнати и се во вредност од 200 000 евра“, рече министерот Јакупи.
„ Во текот на изминатиов период реализиравме многу проекти во Македонија. Како најзначаен, ние ќе го истакнеме проектот за обновливите извори на енергија“, рече Корадо Клини, генерален директор во Министерството за земјиште, животна средина и море на Италија.