Според резултатите од извршената ревизија и утврдената состојба на развиеност на системот , ревизорскиот тим препорача продолжување на лиценцата.
Универзитетот со овој сертификат се здоби по надворешната евалуација, извршена од страна на швајцарската компанија за контрола и стандарди„SGS“. Овој сертификат во иднина му овозможува на ЈИЕУ да ги развива своите активности во согласност со стандардите на фамилијата ISO 9001:2008.