Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Промоција на книгата „Политиката и јавната политика“ од проф. д-р. Јонуз Абдулахи

„Политиката и јавната политика“ е темата на најновата книгата на проф. д-р Јонуз Абдулаи, која се промовира во петокот (26 ноември 2010 година) на ЈИЕУ.
Во својство на уредник на книгата, зборуваше Демуш Бајрами, кој ја истакна важноста на оваа книга за политичарите и посебно за студентите.
 „Авторот користел методологија, која ја прави книгата подостапна и корисна за сите. Нема лоши книги, но има книги кои се читаат и се користат и книги кои остануваат на правливите полици“, рече Демуш Бајрами.
Едлира Хаџиимери, рецензент на книгата, рече дека научниците Албанци работаат и придонесуваат за развојот на науката, но за жал многу малку од нив се храбри и ги објавуваат своите трудови.
„Авторот има политичко и академско искуство. Тој, ова искуство го комбинираше во неговата книга а со тоа книгата е покорисна за читателите“, рече Едлира Хаџиимери. Рецензентот, Рам Буја зборуваше за важноста на оваа книга во албанската политика. „Книгата претставува единствен капитал за албанскиот политички простор“, рече Буја. Авторот на книгата, проф. д-р. Јонуз Абдулаи, откако им се заблагодари на присутните, рече дека книгата е плод на заедничката работа на сите оние кои на некој начин беа вклучени во изработката на истата.
„Задоволен сум затоа што преку книгата успеав да го изградам триаголник меѓу Приштина, Тетово и Тирана“, рече проф. д-р Јонуз Абдулаи.
Google+