Во ЈИЕУ, во четврток (25 ноември 2010), се одржа промоција на книгата „Храмот на демократија" од авторот Или Буфи, поранешен премиер на Република Албанија. Промоцијата ја отвори проректорот за истражување и промоција, проф. д-р Блерим Река, кој рече дека авторот во оваа книга дава анатомска анализа на парламентот, кој со право го нарекува „храм на демократијата."
„Но, токму неговата длабока анализа дека секое собрание е исто така и храм на демократијата, е светла точка на оваа обемна студија која ја промовираме денес. Значи, токму дилемата која авторот во предговорот на оваа книга го формулира со прашањата: "Каков е" парламентот? Или, пак, „Каков треба да биде“, рече меѓу другото проректорот, Блерим Река.
Во име на Владата на РМ, промоцијата на книгата го поздрави заменик-претседателот на Владата на РМ, Абдулаќим Адеми, кој книгата ја оцени како исклучително важна не само за парламентот, туку за сите политичари.
За книгата зборуваше албанскиот амбасадор во Македонија, Арбен Чејку, поранешниот министер за надворешни работи на Албанија, Паскал Мило, пратеникот Африм Красниќи, проректорот на ДУТ, Решат Ќахили и професорот Илбер Села. Заедничкиот именител на нивните говори беше дека книгата дава значаен придонес за новата албанска демократија и за сегашните и идните политичари Албанци.
Авторот на книгата Или Буфи, откако му се заблагодари на ЈИЕУ за организацијата, рече дека негова цел е да поттикне размислување кај политичарите. Бидејќи сегашниот предизвик е да се рефлектира она што сте го направиле и да најдете начини да се движите напред.
Во врска со улогата на парламентот, авторот вели дека во последниве години има различен пристап за тоа што претставува демократски парламентот. Според него, парламентот треба да бидат репрезентативен, отворен, да даде и да бара отчет и да биде достапен за граѓаните.