Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа церемонијата за доделување на титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa), за прославување на 9. годишнината на Универзитетот и за промоција на последната генерација доктори на науки на ЈИЕУ

На Универзитетот на Југоисточна Европа –Тетово , во петок (19.ноември 2010) со интонацијата на академската химна „Гаудеамус Игитур“ од хорот под диригентска палка на Јетон Пустина а во придружба на дуото на виолина Алберта Доку и Шклзен Пајазити започна церемонијата за доделување на титулата почесен доктор на науки , на основачкиот ректор на ЈИЕУ, Академик Алајдин Абази за дадениот придонес во развојот на оваа високообразовна инстутуција во Македонија. На истата церемонија се прослави и 9. годишнината на ЈИЕУ и промоцијата на последната генерација доктори на науки на ЈИЕУ за академската 2009/2010 година.
Ректорот на ЈИЕУ, проф. д-р Замир Дика рече дека ноември е месец исполнет со многу важни датуми. Тој истакна дека на овој ден ние одбележуваме: годишнина на нашиот универзитет, доделување на титулата почесен докор на науки , ја промовираме последната генерација доктори на науки на ЈИЕУ за академската 2009/10 година и го одбележуваме Денот на албанската азбука.
„Можеби е коинциденција но годишнината на нашиот универзитет се совпаѓа со Конгресот во Битола. Во мисијата на нашиот универзитет јасно е наведена заложбата за промоција на албанскиот јазик во високото образование, заедно со напорите за да се достигне извонредност во наставата и истражувањето , создавањето еднакви можности во отворена средина и со меѓународна перспектива во повеќејазична и мултикултурна заедница“, рече ректорот Дика.
Зборувајќи за развојот на Универзитетот на 9. годишнината од постоењето проф. д-р Замир Дика рече дека денес е деветтата годишнина на ЈИЕУ, високообразовна институција со над 7000 студенти во трите циклуси на студии и преку 5000 дипломци. Нашиот универзитет располага со комплетен академски кадар од земјава и од регионов.
„Денес, во оваа просторија присутни се претставници од основачките земји на овој универзитет преку претставниците од државите на ЕУ и САД, но исто така и претставници од регионалната заедница. Овој начин на основање ни овозможува да ја достигнеме нашата мисија преку инсистирање за создавање обучен кадар , кои се вреднувани од работодавците, општеството и кои се конкурентни на глобалниот пазар“ рече меѓу другото ректорот на ЈИЕУ проф. д-р Замир Дика.
Претседателот на Одборот на Универзитетот, д-р Денис Фарингтон зборувајќи за почесниот кандидат академик Алајдин Абази рече: „Во нашиот почесен доктор ние гледаме човек кој се борел за да ги задржи овие клучни принципи во текот на професионалниот живот. Повеќето од вас во публиката се подобро квалификувани од мене да дадете коментар за историјата на високото образование на албански јазик во поранешна Југославија“.
„Тој со мене и со сите кои се поврзани со основањето на Универзитетот го споделува цврстото убедување дека неполитички, мултикултурен и повеќејазичен пристап во високото образование во внимателно планирана и квалитетна средина е единствениот пат напред за новата генерација во Македонија, иако ова не е поддржано со ништо друго освен со реторика од авторитетите во државата.”, рече д-р Денис Фарингтон .
Академикот Алајдин Абази откако се заблагодари на академскиот кадар на ЈИЕУ за титулата зборуваше за новите предизвици во образованието во 21.век.
„Студентите кои студираат денес, или оние кои студирале во периодот од 2000 година, најголемиот дел од својот живот ќе го поминат во 21. век. Тие ќе се соочат со предизвиците на времето кое многу се разликува од состојбите во општеството во 20. век, кои го оформија животот на нивниот наставен кадар. Се поставува прашањето: Колку ќе бидат во можност универзитетите, така како што функционираат сега, да ги образуваат граѓаните, за да служат на идното општество на 21. век? Дали ќе се разликуваат радикално и покрај тоа што овие институции се познати во историјата како најстабилни цивилизациски институции, поспособни и со капацитет да се променат и да се прилагодат со цел посоодветно да му служат на општеството”, рече меѓу другото во неговиот говор ректорот емеритус, академик Алајдин Абази.
Провостот и заменик - ректорот за академски работи проф. д-р Пол Фостер во обраќањето до докторите на науки рече дека ние сме пренесувачи на академската традиција која ја опфаќа и најраната историја на пренесување на знаењето. Ние секогаш треба да се обидуваме да им предаваме на нашите студенти онака како што не учеа нашите професори.
“Докторатурата не може да се добие на лесен начин таа мора да се заслужи. Потребни се години за подготовка како преку полагање предмети така и преку истражување во правливи библиотеки, теренска работа во оддалечени локации, далеку од дома и од нашите сакани. Ние многу се жртвувавме за да ги достигнеме нашите цели”, рече меѓу другото провостот Пол Фостер.
Во сколп на оваа церемонија се откри и натписот на големиот амфитеатар на Универзитетот, кој во чест на првиот ректор на Универзитетот е именуван Алајдин Абази.
Google+