Во понеделникот (15 ноември 2010), во Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа панел дискусија на тема "Членство на Македонија во НАТО и Самитот во Лисабон - поглед кон иднината", на кој присуствуваа: амбасадор на САД во Македонија Филип Рикер, претседателот на ДУИ Али Ахмети и почесниот претседател на Охридскиот Институт, Андреј Лепавцов.
Амбасадорот Рикер му се заблагодари на амбасадорот Река за организацијата на овој панел и на Универзитетот му го честита 9-та годишнина од формирањето.
„Следната година ќе ја одбележите првата деценија од основањето на Универзитетот – Пресвртница во историјата на универзитетот и добра можност за високо образование во оваа држава и на регионот". Исто така, рече тој, сакам да му честитам на новиот ректор, Замир Дика, за новата функција и за достигнувањата и раководството на почесниот ректор Алајдин Абази.
"Трансферот на лидерската функција од ректорот основач кај новиот ректор служи како модел на транспарентност и професионалност", рече амбасадорот Рикер.
Зборувајќи за темата, амбасадорот Рикер, рече дека Алијансата на Самитот во Лисабон ќе ги редефинира нејзините приоритети во согласност со глобалните предизвици.
"Ако на Самитот на НАТО одржан во Вашингтон во 1999 година беше приоритет на Балканот, главната тема во Лисабон, ќе биде ангажирањето на силите на НАТО во Авганистан", рече амбасадорот Рикер.
Претседател на ДУИ, Али Ахмети, рече дека интервенцијата на НАТО на Балканот - Босна и Херцеговина, Косово и Македонија придонесе за процесот на стабилизација, враќање на мирот и можност за земјите во регионот да ги остварат своите цели за членство НАТО и ЕУ.
"За Македонија нема алтернатива освен НАТО и ЕУ и ова бара сите политички партии во државата, научните институции, НВО секторот и целата јавност да придонесуваат кон градење на одржлив политички и етнички консензус", рече Ахмети.
Проректорот за истражување и промоција проф. д-р Блерим Река, рече дека внатрешната политичка стабилност со имплементацијата на Охридскиот договор и решавање на проблемот со Грција околу името се двата клучни услови за интегрирање на Македонија во НАТО.
"НАТО интеграција значи да се биде дел од големото семејство која го обезбедува мирот и стабилноста во регионот и светот", рече проректорот Блерим Река.
За професорот Андреј Лепавцов тешко е да се постигне компромис, но еден таков компромис треба да се постигне.
"Македонија треба да продолжи со реформите во воениот сектор, но и во други области, бидејќи Алијансата не е само за воен сојуз туку и заедница на држави со заеднички визии за владеењето на правото и функционирањето на граѓанското општество", рече тој .
Панел дискусија: „Членство на Македонија во НАТО и Самитот во Лисабон - поглед кон иднината“
19 ноември 2010Повеќе вести
- Визитинг-професорите на УЈИЕ со докажана професионална репутација
- Се одржа регионална конференција за димензиите на јавниот менаџмент, политиките и администрацијата
- Ректорот Беџети учествува на Конференцијата за наука, образование и иновации во рамките на Берлинскиот процес
- Проф. Сем Вакнин е избран да предава како визитинг-професор на УЈИЕ
- Ректорска средба во Лисабон: чекор напред за проектот ChallengeEU
- Во УЈИЕ започна новата академска година: Воведна средба со бруцошите
- УЈИЕ како носител на иновативниот проект CORTEX2, C.A.R.E. XR во соработка со ЦУК придонесува за зголемување на јавната безбедност при справување со природни катастрофи во РСМ