Јазичниот центар, во соработка со Гете институтот од Германија и училиштето Лингвалинк од Скопје, организира бесплатно тестирање за добивање на сертификат по академски вештини (Тест АС). Со овој сертификат, студентите ги зголемуваат свиоите шанси за студирање на некој од германските универзитети на сите три циклуси, добиваат релевантни информации за својот академски потенцијал, насока за избирање на соодветна студиска програма, како и проценка на нивните индивидуални академски вештини. Тестирањето може да биде на англиски и на германски јазик.
Датумите за регистрација се од 1.12.2010 до 24.12.2010 за терминот во фебруари. Истата може да ја направите ако се обратите во Јазичниот центар, кај Шпреса Мустафаи sh.mustafai@seeu.edu.mk
Повеќе информации и примери од прашањата се достапни на www.testas.de