ЈИЕУ го презентира проектот за квалитетот на живеењето во Штипскиот и Битолскиот Универзитет
27 октомври 2010Професорите од ЈИЕУ, Али Пајазити, Мирјана Малеска, Агим Пошка и Хирије Абази на 21 и 22 октомври 2010 година пред претставниците на Универзитетот „Гоце Делчев“ (Штип) и „Свети Климент Охридски“(Битола) ги презентираа податоците од студијата „Граѓански засновани анализи “( People Centred Analyses), која се реализира во соработка со УНДП. Студијата се фокусира на квалитетот на социјалните услуги, социјалната инклузија и односите меѓу заедниците. Истражувањето беше спроведено во текот на летото во 2009 година со 1000 граѓани, со цел зајакнување на националните капацитети, анализирање и упатување на проблемите од областа на квалитетот на живот, благосостојбата, нееднаквоста и учеството на граѓаните. Изнесените податоците предизвикаа дебата со студенти и со кадарот од овие две високообразовни институции за дијалог и интелектуален пристап кон проблемите кои влијаат врз сегашноста и иднината на секој граѓанин на ова општество.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics