Академик Алајдин Абази и проф. д-р Али Пајазити, учествуваа на научниот конгрес -Исламската цивилизација на Балканот
18 октомври 2010

Почесниот ректор на Универзитетот Алајдин Абази и проф. д-р Али Пајазити присуствуваа на Четвртиот меѓународен конгрес „Исламската цивилизација на Балканот“ организиран од Истражувачкиот центар за исламска историја, уметност и култура од Истанбул и Македонската академија на науките и уметностите, што се одржа во Скопје на 14-15 октомври 2010 година.
На овој важен научен настан беа презентирани 110 трудови од 120 научници од универзитетите и истражувачките институти во регионов и во Европа (Албанија, Косово, Бугарија, Босна, Србија, Грција, Холандија, Турција и др.).
„Мултикултурата, етничкиот соживот и високото образование: случајот на ЈИЕУ“, беше насловот на трудот на професорите од ЈИЕУ. Во трудот покрај теоретските беа презентирани и емпириски податоци од истражувањето на перцепциите и ставовите на примерок од 80 вработени во оваа институција во врска со мултикултурализмот, запознавањето на културата на другите, учењето за другите култури, обичаи, традиции, кариерата, јавниот имиџ на Универзитетот и др.
Повеќе вести
- Иновациите, претприемништвото и дигиталната конкурентност во фокусот на конференцијата ISCBE 2026 во Валенсија
- УЈИЕ блесна во Тирана: Правниот факултет го освои третото место на натпреварот за симулирано судење „UniversityLawCompetition2026“
- УЈИЕ на Европскиот самит за ЕДИХ 2026 во Брисел
- 22-та генерација на УЈИЕ го прослави својот успех на Свечената церемонија на апсолвенти
- УЈИЕ ја промовираше сопствената платформа за вештачка интелигенција AI@SEEU
- Делегација на ИНОВА го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и Технолошкиот парк
- УЈИЕ се потврдува како највисоко оценет универзитет во Северна Македонија во Times Higher Education Impact Rankings 2025