„Локалната самоуправа, урбаниот развој и младите“, беше темата на меѓународната конференција на која учествуваше, проф. д-р Руфи Османи, предавач во ЈИЕУ и градоначалник на општина Гостивар.
На оваа конференција тој беше специјален гостин на Светската Банка за регионот на Југоисточна Европа, како еден од најреформските лидери на општини во Европа.
На оваа конференција, градоначалникот Османи заедно со градоначалниците на општините од Медина, Јордан, Мексико, Бомбај и Кувајт ги презентираа индивидуалните искуства во реализацијата на целите на милениумот во смисла на модернизација на градовите, одржливиот развој и отворањето на перспективите за младите во процесот на глобализацијата.
Во една интерактивна дебата, во присуство од над 500 градоначалници и градови од целиот свет, Османи ги претстави предизвиците и алтернативите за надминување на бројните проблеми, со кои се соочуваат општините во Македонија, со посебен осврт врз општината Гостивар.
Градоначалникот Османи остави позитивни впечатоци со неговиот позитивен, практичен како и професионален пристап во својата презентација.
Организацијата на овој настан беше под покровителство на емирот од Кувајт.