Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ дел од Годишната конференција на ЕУА во Истанбул

Делегацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа, предводена од ректорот проф. д-р Садудин Ибраими, заедно со неговиот советник акад. проф. д-р Абдилменаф Беџети и директорот за финансии и човечки ресурси, г. Неби Џемали, учествува на Годишната конференција на Европската асоцијација на универзитети (EUA Annual Conference 2026), која се одржува на 16–17 април во Истанбул, во организација на Универзитетот Једитепе.

Со централната тема „Универзитетска соработка во услови на постојано менување“, на овој настан на високо ниво беа присутни лидери на универзитети и експерти од областа на високото образование, кои создадоа стратешка платформа за адресирање на предизвиците и можностите во динамична глобална средина.

За време на конференцијата, претставниците на УЈИЕ активно учествуваа на пленарни сесии и тематски панели, каде што беа разгледани нови модели на меѓууниверзитетска соработка, меѓународни партнерства и иновативни начини за справување со глобалните кризи и брзите промени во секторот на високото образование.

Годишната конференција на ЕУА се смета за еден од најзначајните настани во Европа во областа на високото образование, бидејќи нуди можности за вмрежување, размена на искуства и воспоставување нови стратешки партнерства меѓу универзитетите.

Google+