Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ ја зајакнува соработката со Универзитетот Коч од Турција

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Садудин Ибраими, заедно со неговиот советник, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и директорот за финансии и човечки ресурси, г. Неби Џемали, беа во официјална посета на Универзитетот Коч.

За време на посетата, делегацијата на УЈИЕ беше примена од проректорот за академски работи, проф. д-р Фунда Јагџи Аџар, со која одржаа работен состанок за можностите за соработка меѓу двете институции.

На средбата беше разговарано за актуелностите во областа на високото образование, како и беа разгледани можностите за соработка меѓу двата универзитета.

Двете страни ја оценија важноста од зајакнување на меѓууниверзитетските односи и создавање нови можности за соработка на меѓународно ниво.

Google+