На 28 април 2010 година, Министерот за образование и наука, Никола Тодоров и директорот на Британскиот Совет Македонија, Лес Дејнџерфилд, потпишаа меморандум за соработка за подобрување на наставата по англиски јазик и обучувањето на наставниците и професорите. Со овој меморандум, CELTA се признава како соодветна квалификација за предавање англиски јазик во основниот образовен циклус во Репубплика Македонија. На овој начин, CELTA центарот, кој функционира во склоп на Јазичниот центар при Универзитетот на Југоисточна Европа како единствен одобрен центар за обука во Македонија, ќе придонесе за подобрување на наставната дејност по англиски јазик во земјата и регионот.
CELTA курсот што го нуди Јазичниот центар станува признаена квалификација за предавање англиски во основните училишта
6 мај 2010Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics