Целта на предавањето беше запознавање со искуствата на земјите од оваа група за евро-атлантските интеграции, рече ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази. Тој истакна дека студентите ќе имаат можност директно да се запознаат со искуството за регионална соработка од претставниците на земјите од оваа група.
„Регионалната соработка е основа за понатамошна долгорочна соработка. Доколку не успеете да соработувате со соседите тогапш многу е тешко да се замисли соработката со поголема група на земји“, беше оценката на амбасадорите на Вишеградската група.
"Регионалната интеграција на земјите членки на Вишеградската група како пример за земјите од Западен Балкан за понатамошна интеграција во Европската унија", беше темата на предавањетето на четирите амбасадори на земјите членки на Вишеградската група, Унгарија, Полска, Чешка и Словачка во Македонија, која се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во среда (28 април 2010 година).
" />