Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студиска посета на претставници и студенти од Универзитетот за применети науки во Урошевац на Универзитетот на Југоисточна Европа

Денес, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, студиска посета остварија претставници od Универзитетот за применети науки од Урошевац (УПНУ), придружувани од група студенти од овој универзитет.

Делегацијата на УПНУ, предводена од проректорката за иновации, технологија и дигитализација, проф. д-р Факие Зејнулаху, беше примена од претставници на раководниот кадар на УЈИЕ, во состав: проф. д-р Садудин Ибраими – проректор за планирање и претприемништво, проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи, советникот за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Флорије Исмаили, в.д. деканот на Факултетот за технички науки, доц. м-р Ракиб Амдиу и проф. д-р Ментор Хамити,

Во текот на средбата, која се одржа во просторите на „Accelerator 700“, беа разменети идеи и искуства за академските практики и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете институции. Понатаму, делегацијата имаше можност да ги посети универзитетските објекти, вклучувајќи ги лабораториите за компјутерски науки, лабораторијата за виртуелна реалност (VR Lab) и модерната библиотека на универзитетот.

Оваа посета ги зајакнува меѓу институционалните врски и обезбедува важна платформа за размена на знаења и искуства меѓу студентите и академскиот кадар.

Универзитетот на Југоисточна Европа е отворен центар за академска соработка и поддршка на иницијативи што придонесуваат за квалитативна подготовка на нов кадар.

Google+