Саемот го прогласи за отворен проректорката за истражување и меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи, која им посака добредојде на претставниците на компаниите учеснички. Во нејзиниот говор таа ја истакна важноста на овој настан за студентите, истакнувајќи:
„Нашиот Универзитет има за цел да понуди не само теоретско знаење, туку и практични вештини кои се барани на пазарот на трудот. Овој ден за нашите студенти претставува значајна точка во нивната професионална кариера бидејќи имаат можност да воспостават контакти, да се поврзат со работодавците и да аплицираат за работа или за практична настава.“
Раководителката на Центарот за кариера, Лумтурије Мемеди-Синани, исто така, ја нагласи важноста на овој настан додавајќи:
„Овој Саем претставува важен мост меѓу универзитетот и пазарот на трудот, помагајќи им на студентите да се доближат до реалните можности за вработување.“
Во рамките на саемот беа одржани презентации од компаниите, посети на штандовите, директни контакти со работодавците како и специјална информативна сесија од Халкбанк на тема „Потребни вештини на пазарот на трудот“.
Настанот заврши со доделување на сертификати на компаниите учеснички на саемот.
