Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Конкурс за најдобар бизнис-план во УЈИЕ – Идеи на млади луѓе кои ја инспирираат иднината!

Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во соработка со Центарот за бизнис и иновации, на 4. април 2025 година (петок), ја организираше активноста „Конкурс за најдобар бизнис - план“, во рамките на летниот камп и „Отворениот ден“ на Универзитетот.

На оваа активност учествуваа матуранти од различни средни училишта во земјава, кои имаа креативни и одржливи бизнис идеи. Учесниците ги презентираа своите проекти пред стручен панел и се натпреваруваа за првото место.

На овој натпревар првото место го освоија матурантите на СОУ „Нико Нестор“, од Струга со планот насловен „Ангели чувари“. Второто место го освоија матурантите од СОУ „Гимназија Гостивар“ со планот насловен „Bella Event“ и СОУ „8. Септември“, Тетово, со планот „200 Еколаш“. Третото место го поделија матурантите од СОУ „Никола Штејн“, со планот „Aqua Cosmos“ и СОУ „8. септември“, Тетово, со планот „Prestige Properties“.

Покрај учеството на натпреварот, матурантите имаа можност да се запознаат и со акцелераторската програма „700 Accelerator“, единствена можност за понатамошно развивање на своите идеи во професионална и поддржувачка средина за нови стартапи.

Овој настан уште еднаш ја докажа посветеноста на УЈИЕ да го поттикне претприемачкиот дух кај младите и да биде мост помеѓу образованието и пазарот на труд.

Google+