Во телеграмата на сочувство, во име на ректорот aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, академскиот и административниот кадар, како и студентите, УЈИЕ ја изразува својата тага и солидарност со семејствата на жртвите и повредените.
„Ја споделуваме болката со семејствата на жртвите и се молиме за брзо закрепнување на повредените. Се солидаризираме со сите кои ги минуваат овие тешки моменти и остануваме блиску до заедницата погодена од оваа голема несреќа,“ се вели во телеграмата на сочувство.
УЈИЕ им посакува брзо закрепнување на повредените и им посакува на семејствата на жртвите сила да ја пребродат оваа огромна загуба.
