На 9ти, 10ти и 11ти април Универзитетот на Југоисточна Европа имаше чест да биде домаќин на меѓународната академска конференција, Од предавање до учење во наставата по англиски јазик. Конференцијата, која беше заеднички организирана од Јазичниот центар и Катедрата за англиски јазик, собра на едно место 68 презентери од целиот свет. " /> На 9ти, 10ти и 11ти април Универзитетот на Југоисточна Европа имаше чест да биде домаќин на меѓународната академска конференција, Од предавање до учење во наставата по англиски јазик. Конференцијата, која беше заеднички организирана од Јазичниот центар и Катедрата за англиски јазик, собра на едно место 68 презентери од целиот свет. ">

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Успешно заврши меѓународната конференција на ЈИЕУ посветена на изучувањето на англискиот јазик

На 9ти, 10ти и 11ти април Универзитетот на Југоисточна Европа имаше чест да биде домаќин на меѓународната академска конференција, Од предавање до учење во наставата по англиски јазик. Конференцијата, која беше заеднички организирана од Јазичниот центар и Катедрата за англиски јазик, собра на едно место 68 презентери од целиот свет.

Имаше презентери од далечни краишта како Соединетите Држави, Нов Зеланд, Ирска и Канарските острови, како и преку 120 регистрирани учесници од универзитети и јазични училишта од многу европски земји. Организаторите на конференцијата беа особено задоволни што им овозможија на презентерите и на учесниците посета на конференцијата без плаќање на задолжителна котизација.

 

Конференцијата беше свечено отворена на 9ти април. Поздравни говори на оваа инаугурална церемонија имаа проректорот за академски прашања, проф. д-р. Замир Дика, деканот на Факултетот за јазици, култура и комуникации, проф. д-р. Веби Беџети и аташето за култура и образование при амбасадата на САД во Скопје, г-дин Џон Серфис.

 

Од предавање до учење имаше привилегија да презентира тројца меѓународни експерти како пленарни говорници. Д-р. Лорна Карсон (Тринити Колеџ, Даблин, Ирска) зборуваше на отварањето на тема: Автономијата на ученикот по јазик: мит, магија или чудо? Проф. Д-р. Гертруда Хавранек (од универзитетот Алпен-Адриа, Австрија) презентираше на тема, Улогата на корективната повратна информација во изучувањето на странскиот јазик. Третата пленарна презентација беше од наша поранешна Фулбрајт колешка, д-р Џуди Ричардсон (Вирџинија Комонвелт Универзитет , САД) на тема: Подредување на лектирите по англиски спрема соодветните текстови: теории, стратегии и пристапи за успех на студентите.

 

Беа претставени академски трудови, како и работилници на разновидни теми од областа на изучувањето на англискиот јазик: од традиционални прашања во врска со методологија и синтакса до најсовремени теми на користење на технологија при учењето. Презентираните трудови на конференцијата ќе бидат објавени во текот на летото.

 

Конференцијата беше поддржана од страна на ректорот Алајдин Абази и раководството на универзитетот, Британскиот совет и Амбасадата на САД во Македонија. Академскиот одбор на конференцијата е особено почестен со ваквата поддршка.

 

Овој заеднички проект на Јазичниот центар, Факултетот за Јазици, култура и комуникации и Катедрата за англиски јазик уште еднаш ја потврди посветеноста на ЈИЕУ кон придонесот за постигнување на извонредност во областа на истражувањето, педагогијата и образованието во меѓународни рамки и го истакна значењето на Тетово во рамките на балканските академски кругови.

 
Тетово
Илинденска бр.335
1200 Тетово
Тел: +389 44 356 000
Факс: +389 44 356 111
Skopje
Архиепископ Ангелариј, бр.1
1000 Skopje
Тел: +389 44 356 396
Тел: +389 44 356 397
Мапа на сајтот
Контакт
Email: web@seeu.edu.mk
Google+