Проектот C.A.R.E. XR има за цел да создаде напреден систем за проширена реалност (XР) кој ќе биде моќна алатка за институциите и тимовите за итни случаи. Оваа технологија ќе обезбеди виртуелна симулациска средина која ќе им помогне на вработените за итни случаи во нивната подготовка и одговор на опасни и неочекувани ситуации. Со овој систем, корисниците ќе можат побрзо да реагираат при реални итни случаи, овозможувајќи им да развијат нови вештини и стратегии за поефикасно управување и справување со природни катастрофи.
Како лидери во овој проект, ФСНТ и УЈИЕ играат клучна улога во технолошките иновации и градењето локални капацитети во Северна Македонија. Преку оваа соработка, универзитетот има за цел да придонесе за зголемување на јавната безбедност и зајакнување на заедниците во справувањето со природните кризи. Оваа нова иницијатива е доказ за посветеноста на УЈИЕ да користи академско и технолошко знаење за да го подобри животот на луѓето и да придонесе за одржливиот развој на регионов.
Координатор на овој проект е проф. д-р Висар Шеху од Факултетот за современи науки и технологии.