Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

QS Rankings Europe 2025: УЈИЕ е најдобриот универзитет во регионов меѓу албанските универзитети и втор во Северна Македонија

Универзитетот на Југоисточна Европа е вториот најдобар универзитет препорачан за студирање во Северна Македонија за академската 2024-2025 година и најдобар универзитет или прворангиран меѓу универзитетите со настава на албански јазик во регионов.

Ова го потврди и Институтот „Квакварели Сајмондс“, кој денес (10.07.2024 г. ) ја објави целосната листа на рангирањето на европските универзитети за 2025 година, додека само четири од Северна Македонија успеаја да се рангираат на оваа листа на универзитети.

Рангирани се 684високообразовни институции, а универзитетите од Северна Македонија се на позиции од 440 до 600 на ниво на целиот континент Европа.

На регионалното рангирање на универзитетите, каде во регионот на најдобрите универзитети во Јужна Европа, УЈИЕ е рангиран на 126-то место, заедно со Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, Универзитетот во Битолае рангиран на 137-то место, а на 100-то место е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Врз основа на ова рангирање, Универзитетот на Југоисточна Европа е рангиран на прво место меѓу универзитетите со настава на албански јазик во регионвт, каде по УЈИЕ, Универзитетот во Тирана е рангиран околу 20 места подолу.

При рангирањето на универзитетите, како основа беа земени девет критериуми, меѓу кои: академската репу тација, углед од работодавачите, сооднос кадар/студент, број на научни публикации, број на меѓународен кадар вклучен во наставата, број на меѓународни студенти, меѓународна истражувачка мрежа, влијание на веб и институционално онлајн присуство и цитати на научни трудови на кадарот од други истражувачи ширум светот.

Универзитетот на Југоисточна Европа има одлична позиција на речиси сите рангирања на универзитети, како на континентално, на регионално така и на државно ниво.

Линк за рангирањето: https://www.topuniversities.com/europe-university-rankings-southern-europe

Google+