Ректорот Алајдин Абази го посети Универзитетот „Паварсиа“ во Валона
1 април 2010
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, академик Алајдин Абази во петок ( 26 март 2010) го посети Универзитеот „Паварсиа“ во Валона. Ректорот Абази и ректорот на Универзитетот „Паварсиа“ проф. д-р Арта Мусарај со своите меѓусебни посети во Валона и во Тетово дадоа нова димензија на реципрочната соработка и притоа давајќи му значење на академската и научната соработка во ниво на двете универзитети.
Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази, имаше презентација за нашиот универзитет во кој ја најави и изградбата на новиот кампус во Скопје.
Ректорот Абази пред голем број студенти, универзитетски професори и видни интелектуалци од Валона имаше презентација на тема: „Глобализацијата, интернационализацијата и регионализацијата – Трендовите во високото образование, со посебен осврт на Универзитетот на Југоисточна Европа“.
Посетата на ректорот Абази во Валона, беше проследена со голема медиумска покриеност не само поради фактот што Ректорот го претставува едниот од најзначајните Универзитети во регионот, туку и поради фактот дека тој е еден од двајцата академици Албанци кои се вклучени во групата за пишувањето на новата Енциклопедија на Република Македонија.
Покрај следењето на посетата на ректорот од телевизиите како што се: Влора Чанел, Тв Амантиа, Влора 6+1 и Фокус Тв тие има специјални интервјуа додека Телевизијата Влора Чанел директно го пренесе предавањето на ректорот Абази во Универзитетот „Паварсиа”.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics