Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се избра новиот состав на Одборот на Универзитетот

Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа на состанокот одржан во понеделник (10.06.2024 год.) ги именуваше новите членови. Процесот беше започнат на почетокот на февруари и опфати процес на селекција на членови на Одборот од сите три заедници, меѓународната заедница, локалната заедница и универзитетската заедница. Одборот го финализираше процесот на селекција, со едногласно гласање назначувајќи го новото членство на Одборот, кое ќе работи во овој орган на Универзитетот во следните четири години, почнувајќи од 1. септември 2024 година.

Новоименуваните членови на Одборот се: професорот Клаус Тохтерман, г. Едвард Џозеф, професорот Вели Креци, професорот Висар Шеху, г-ѓа Елмедина Абдулаи, професорката Соња Топузоска и професорот Глигор Бишев.

Одборот едногласно го избра професорот Клаус Тохтерман за претседател на Одборот и професорот Вели Креци за потпретседател на Одборот.

На состанокот на Одборот се дискутираше и за повеќе важни прашања поврзани со работата на Универзитетот.

Google+