Нашите студенти беа дел од истражувањата и дискусиите во врска со можноста за инкорпорирање на отворените листи на изборниот процес во нашата земја.
Доц. д-р Јетон Шасивари како дел од научниот панел на оваа конференција ja презентираше темата: „ Отворените листи можност повеќе за избирачите во РМ“. Проф. Шасивари во својата тема ги елаборираше практичните и теоретските аспекти на отворените листи во земјите од регионот, но и во ЕУ како и конкретните ефекти на инкорпорирањето на отворените листи во парламентарните и локалните избори во РМ.