Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Започна програмата за правна едукација на млади „Програма за правно образование за родови прашања“

Во рамките на Правната клиника „Емине Зендели“ во соработка со невладина организација "Shega" започна програмата за правна едукација на млади „Програма за правно образование за родови прашања“.

Првата сесија се одржа на 11 мај 2024 година. На првата сесија од Програмата за правно образование за родови прашања се дискутираше за кривично правниот третман на децата во ризик и децата во судир со законот.

20 средношколци од Тетово имаа можност да дознаат повеќе за кривична правна одговорност на децата од професорката на Правниот факултет, Блерта Ахмеди, како и да се запознаат подетално за правосудниот систем од судијата Бетим Јахја.

Следните сесии продолжуваат со нови теми кои ќе ги реализира академскиот кадар на Правниот факултет.

Средношколците ќе имаат можност да се информираат за правните теми од нивниот интерес со професионисти од практика.

Google+