Главната цел на состанокот беше консултантски совет за развојот на УЈИЕ и формите на искористување на ресурсите.
Бренда Ли Пирсон има долгогодишно искуство за работа во регионот на Западен Балкан и во Република Северна Македонија, соработувајќи во многу програми, како што се УСАИД и НДИ. Таа е позната како експерт за економски развој и проекти за зелена и циркуларна економија заедно со развој на бизнис и иновации за еко-системи во успешните балтички земји и пошироко.
