Тековно со употреба на врвни решенија за дигитална технологија во рамките на програмата Фулбрајт помеѓу УЈИЕ и Универзитетот во Сиетл, поранешните студенти од оваа програма - проф. Лари Хабел (Универзитетот Сиетл во САД) , проф. Вели Креци (УЈИЕ – Факултет за современи општествени науки), како и доц. д-р Гордан Георгиев (УЈИЕ – Факултет за современи општествени науки) во Универзитетот во Сиетл на Институтот за јавна служба заедно работат на развивање на предмет за авторитаризам за студентите на магистерски студии.
Овој предмет се очекува да се развива во редовен предмет кој ќе биде заеднички понуден на студентите на Факултетот за современи општествени науки на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и на Универзитетот Сиетл во реално време.
EDGE-дигитална технологија во наставата им овозможува на студентите и на наставницитецелосно интерактивно да комуницираат и да се здобијат со искуство за учење во виртуелни училници во реално време. Оваа технологија ги подобрува виртуелните искуства и резултатите од учењето.
Резултатите од оваа соработка се објавени и на веб-страницата на Македонската американска алумни асоцијација - https://maaa.mk/newsletter-12/development-of-a-joint-course
