Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа шестата изложба на студентите по Архитектура и дизајн

Студентите од отсекот Архитектура и дизајн при Факултетот за современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа, денес (30.06.2023 год.), во присуство на академскиот, административниот кадар, студентите и членовите на семејствата, ја отворија шестата изложба по ред.

Изложбата за отворена ја прогласи ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој нагласи дека ова што го гледаме денес покажува дека студентите веќе постигнале значителен напредок и овој напредок ќе биде уште поконкретен по 6. семестар, кога ќе влезат во фазата на финализирање на студиите.

„Од оваа година акредитиравме и комплементарни програми, како што се Политехника и Внатрешен дизајн, а овој развој се очекува да создаде можности и до крајот на студиите, од Факултетот за современи науки и технологии, да се подели на посебен факултет, факултет за технички науки. Вашето патување ќе остане во аналите на академскиот развој на универзитетот, рече меѓу другото, во својот говор ректорот Беџети.

На оваа изложба своите дела ги изложија студентите од прва, од втора и од трета година, односно од вториот семестар до шестиот семестар на студии.

Google+