Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ со конкретен придонес во дебатата за влијанието на инфлацијата врз општеството

Во рамките на стратегијата на Универзитетот на Југоисточна Европа да придонесува за општеството, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес (27.06.2023 год.) беше еден од главните панелисти заедно со проф. Никола Поповски на „Дебатата за влијанието на инфлацијата врз општеството – перцептивен пристап“.

Во оваа дебата се дискутираше за ефектите од мерките и политиките преземени за ублажување на последиците од инфлацијата, како и за начините на кои тие можат да се надминат.

Дебатата беше организирана од Асоцијацијата за демократски иницијативи во соработка со невладината ЦИВИКА Мобилитас.

Google+