Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Постмортем промоција на универзитетската книга на професорката Емине Зендели

Во присуство на студенти, поранешни студенти, колеги и членови на семејството, во понеделник (26.06.2023 година), на Правната клиника „Емине Зендели“ во УЈИЕ, беше постмортем промовирана универзитетската книга „Правно-имотни односи на брачните другари“ од професорката Емине Зендели, уредена од професорката Арта Селмани - Бакиу.

На промоцијата на книгата, рецензентите проф. д-р Аднан Јашари и проф. д-р Сами Мемети, покрај вреднувањето на научниот труд за присутните евоцираа и моменти од работата со покојната професорка Емине Зендели.

Уредникот на книгата, проф. Арта Бакиу со емоции истакна дека објавувањето на оваа книга било сон на проф. Емине Зендели и дека денес овој сон стана реалност за сите нас.

Книгата е одобрена како универзитетски текст со одлука на Наставно-научниот совет на Правниот факултет, а издавач е Универзитетот на Југоисточна Европа.

Овој текст содржи детално истражување за еден важен институт за имотно право, поточно за правото на сопственост, но од друга димензија и од друга гледна точка.

Се очекува книгата да послужи како универзитетски текст за студентите по право на додипломски, постдипломски и докторски студии, како и за правниците.

Google+