Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се промовираа две книги од областа на економијата

Во присуство на голем број гости, членови на семејствата, познати личности, студенти и вработени, во УЈИЕ денес (26.06.2023 год.) беа промовирани книгите „Економско-политичка мисла во уникатен формат 2011-2023“ од авторот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и „Консолидација и одржливост на пензискиот систем на Република Северна Македонија: компаративен аналитички пристап“ од авторот доц. д-р Шпреса Алија.

Во воведниот говор, деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази-Алили, рече дека книгите се додадена вредност и мора да бидат дел од сечии библиотеки, особено на оние кои учат во соодветните области.

Како рецензент на книгата „Консолидација и одржливост на пензискиот систем на Република Северна Македонија: компаративен аналитички пристап“ од авторот доц. д-р Шпреса Алија, ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети рече дека професорката Шпреса дебитира во многу важна област како што е пензискиот систем.

„Книгата има разбирлива структура и е достапна не само за економистите, туку и за сите други бидејќи опфаќа цел систем, кој на некаков начин им припаѓа на сите“, рече меѓу другото ректорот Беџети.

Своја благодарност за книгата изрази и вториот рецензент, Дрита Конџели Радониќи, која го истакна придонесот на книгата во периодичните прогнози и нејзиното влијание во областа на пензискиот систем, особено во компаративен аспект.

Авторот на книгата доц. д-р Шпреса Алија им се заблагодари на своето семејство за поддршката, на нејзиниот ментор академик Беџети и на сите кои придонеле за објавувањето на книгата.

„Оваа тема ми го привлече вниманието за потребата од консолидирање на пензискиот систем бидејќи пензиите не се вообичаено прашање и тие имаат предности, но и недостатоци, кои се опишани во оваа книга“, рече авторот на книгата, доц. д-р Шпреса Алија.

Промоцијата на книгата „Економско-политичка мисла во уникатен формат 2011-2023“ од авторот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети ја отвори издавачот, проф. д-р Илбер Села, директор на Институтот за политички и меѓународни студии.

„Авторот на книгата, академик Абдулменаф Беџети, е познато име од областа на економијата, а објавувањето на оваа книга претставува дополнителна вредност за неговото мислење за економските и политичките настани во периодот опишан во книгата“рече проф. Села. Тој предложи книгата да се преведе на англиски и на македонски јазик.

Рецензентот на книгата, проф. д-р Исмет Османи зборуваше за структурата на книгата, која не е посветена само на економистите, бидејќи опфаќа многу аспекти и опишува сложен период на економски и политички случувања.

Проф. д-р Али Пајазити како рецензент на книгата рече дека развил интензивна комуникација со авторот на книгата, кој секогаш бил подготвен и доброволно ги разгледувал социолошките аспекти и мислата изразени во книгата.

Авторот на книгата акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети им се заблагодари на блиските соработници кои придонеле за издавањето на книгата, како и на неговото семејство кое како и секогаш до сега му пружило максимална поддршка.

„Неслучајно рецензентите на книгата не се економисти, бидејќи сакав книгата да се гледа од повеќе димензии и не само од економски аспект, туку и од социолошки, политички аспекти пошироко“, рече авторот и ректор на УЈИЕ, акад . проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Google+