Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Делегација на Универзитетот во Саленто од Италија го посети УЈИЕ

Во рамките на меѓународната соработка што Универзитетот на Југоисточна Европа ја остварува со бројни институции во Европа и пошироко, вчера (13.04.2023 година), во посета беше делегација од Универзитетот во Саленто од Италија. Делегацијата ја предводеше проректорот за меѓународни односи на Универзитетот во Саленто, проф. д-р Џенаро Скарсели, придружуван од д-р Франческо Маријано.

Претставниците на Универзитетот во Саленто на средбата беа пречекани од проректорот за меѓународна соработка и истражување на УЈИЕ, проф. д-р Беса Арифи придружувана од директорот на Центарот за иновации во бизнисот, проф. д-р Садудин Ибраими и оперативниот директор на Технолошкиот парк, Ѓорѓи Рафајловски.

Во рамките на средбата беа разгледани формите на соработка меѓу двата универзитета, особено во обезбедувањето заеднички дипломи на конкретни студиски програми, програмата Еразмус и другите форми на меѓуинституционална соработка.

Двата универзитета се очекува наскоро да потпишат Меморандум за официјализирање на конкретна соработка.

Google+