Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски одржа предавање пред студентите на УЈИЕ за актуелните политички процеси во земјава

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денес(13.04.2023 год.), пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа, одржа конкретно предавање за актуелните случувања и политичките процеси во државава.

Претседателот Пендаровски претходно оствари средба со ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој беше придружуван од проректорката за истражување и меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи. На средбата, ректорот Беџети и претседателот Пендаровски разговараа за актуелните случувања во високото образование и за улогата на Универзитетот кој придонесува со општествена одговорност во државава.

Ректорот Беџети, пред студентите, му се заблагодари на претседателот Пендаровски за отворениот пристап кон Универзитетот и студентите и за укажаната можност студентите директно да го слушаат конкретното предавање и информациите за актуелните и главно политичките процеси во државата.

„Претседателот ја претставува највисоката институција во државата и врз основа на ова е многу важно оваа институција да биде достапна и отворена за јавноста, да биде директна и да комуницира со граѓаните“ потенцираше ректорот Беџети.

На предавањето со студентите, претседателот Пендаровски истакна дека е втор пат во посета на УЈИЕ и дека заедно со ректорот Беџети учествуваат во важни политички процеси во државава. Ректорот Беџети отсекогаш имал аргументиран и доста убедлив став во одбраната на овие позиции.

„Во првите десет години од независноста на Македонија се создаде ексклузивен систем на владеење, каде концептот на државата се засноваше на конститутивен народ и други. Затоа беше постигнат Охридскиот рамковен договор со кој се обезбеди социјална кохезија.“, рече претседателот Пендаровски на почетокот на предавањето.

„Зборувајќи за најновите вести и предизвиците со кои се соочува Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски истакна дека има две најпредизвикувачки прашања со кои се соочуваме, корупцијата и масовното бегство на младите.

На крајот од предавањето, студентите му поставија на претседателот многу прашања, главно за актуелни теми кои ги засегаат младите и идната перспектива на државава.

По предавањето, претседателот Пендаровски и ректорот Беџети заедно го посетија Симулацискиот центар на Факултетот за здравствени науки, каде што се информираа за работата на најновиот Факултет на УЈИЕ.

Универзитетот на Југоисточна Европа, врз основа на својата општествена одговорност и значењето во областа на високото образование, стана цел на бројни посети на високи државни и меѓународни јавни личности.

Google+