Универзитетот на Југоисточна Европа секојдневно ја докажува својата општествена одговорност, обработувајќи теми и прашања кои ја засегаат пошироката заедница. За таа цел, Факултетот за современи науки и технологии на 18.03.2023 год. одржа еднодневен семинар на тема „Програмирање на програмскиот јазик Пајтон (Python)“, на кој учествуваа наставници од средните училишта од повеќе градови од Северна Македонија: Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар како и од Прешево.
Деканот на Факултетот за современи науки и технологии, проф. д-р Џемал Зенуни, ги поздрави со воведно излагање додека за значењето и целите на семинарот зборуваше координаторот проф. д-р Јаумин Ајдари.
Обуката се одвиваше во сесии и опфаќаше теми поврзани со програмскиот јазик Пајтон додека презентери беа професори од Факултетот за современи науки и технологии.
На семинарот присуствуваа професори кои предаваат на албански и на македонски јазик.